Реал и Атлетико Мадрид одиграа неверојатен натпревар во полуфиналето во шпанскиот Супер-куп кој на крајот му припадна на потрофејниот шпански гигант со 5-3.
„Јорганџиите“ поведоа со 0-1 со погодокот на Хермосо во 7. минута. Реал стигна до целосен пресврт (2-1) со погодоците на Ридигер во 20. и Менди во 30. минута, додека на 2-2 израмни Гризман во 37. минута кој го постигна 174 гол за Атлетико Мадрид со што стана најдобар стрелец во историјата на клубот.
Real Madrid 2 – [2] Atletico Madrid – Antoine Griezmann 37'
byu/MarcoRuss insoccer
Номиналните гости на овој меч до ново водство од 2-3 стигнаа со автоголот на Ридигер во 78. минута, но Реал успеа да се врати и од оваа негатива преку Карвахал во 85. минута (3-3). Мечот замина во продолженија, а таму „кралевите“ до победа стигнаа со автоголот на Савиќ во 116. минута (4-3). Конечните 5-3 беа дело на Дијаз во 122. минута.
Real Madrid [4] – 3 Atl. Madrid – Stefan Savic 116' (Own goal)
byu/MarcoRuss insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

