Супер-Миовски за пресврт победа на МТК на дербито со Мол Фехервар (ВИДЕО)

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Бојан Миовски запиша извонредна партија во пресврт-победата на МТК од 1-2 на гостувањето против Мол Фехервар во 21. коло од шампионатот на Унгарија.

Миовски го запиша и седмиот гол сезонава во дресот на МТК, овој пат во 52. минута за израмнување на резултати на 1-1 во тие моменти, откако Мол Фехервар имаше предност по првото полувреме.

Победата за МТК ја донесе Варга од пенал во 75. минута.

Во дресот на Мол Фехервар целиот натпревар го одигра и македонскиот репрезентативец Висар Муслиу.

Се вчитува...