Супер-настап на Далија Стојановска на „маунтбајк“-трката на ЕМОФ 2025 (ФОТО)

Една од најдобрите македонски велосипедистки, Далија Стојановска, забележа одличен настап на трката во планински велосипедизам на ЕМОФ 2025 на кои домаќин е Македонија.

 

Стојановски, во конкуренција на најдобрите европски млади „маунтбајк“-велосипедистки, го освои 17. место на трката, која се одржа на патеката во близина на Куманово, во конкуренција на 27 натпреварувачки. Трката ја заврши со време од 1:10:21 часа.

На трката триумфираше Јеле Калусер од Швајцарија.

 

 

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...