Ненад Димитријевиќ и неговата Валенсија и го нанесоа четвртиот пораз на Барселона во шпанското првенство откако овој викенд славеа со 86-76 во натпревар во кој македонскиот интернационалец беше предводник на својот тим.
Плејмејкерот на Валеснија и македонската репрезентација натпреварот го заврши со 16 поени со шут од игра 5/9, а згора на тоа надополни и седум асистенции и четири скока.
Тренерот на гостинскиот состав не беше задоволен од играта на својот тим па ги изгуби нервите на еден тајм аут на кој имаше што да им каже на своите играчи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА