СУПЕР НЕНО го урна европскиот шампион ФЕНЕРБАХЧЕ!

Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ и неговиот Баерн Минхен успеаја да го урнат на домашен терен актуелниот европски шампион Фенербахче и да слават со 84-76 во премиерниот натпревар од 35. коло од Евролигата.

Димитријевиќ и соиграчите одлично го стартуваа натпреварот. Предводени од Обст кој погодуваше од секоја позиција и одличната игра во одбрана по првите десет минути стигнаа до двоцифрена предност од 25-12.

Оваа разлика Баварците успеаја да ја задржат до полувремето и на пауза да заминат со позитива од 43-30. Во третиот период во кој европскиот првак погодуваше од секоја позиција, само нашиот Димитријевиќ беше виновник што не успеа целосно да се врати во мечот па по три четвртини Баерн се уште имаше предност 67-60.

Димитријевиќ одлично ја отвори и последната четвртина и со серија од пет поени повторно донесе двоцифрена предност за својот тим 72-60. И по пет минути игра во последниот период само Димитријевиќ беше стрелец за германскиот тим кој се уште ја држеше предноста (74-62).

Просто неверојатно Пешиќ го извади Димитријевиќ, а сето тоа го искористија гостите кои дојдоа до само минус шест 74-68. Димитријевиќ се врати во игра, но неколку погрешни одлуки во нападот доведоа до тоа Фенербахче на 40 секунди до крајот да дојде на само минус три 79-76. Џесап погодои тројка, а Димитријевиќ со три слободни во финишот ги постави конечните 85-76.

Токму македонскиот репрезентативец беше прво име во таборот на победникот завршувајќи го мечот со 22 поени, надополнети со три асистенции и еден скок. Кај поразените недоволен беше 21 поен на Тарик Биберовиќ.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...