Најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ уште на самиот старт ја оправда довербата од Еторе Месина, откако беше клучен играч во освојувањето на првиот трофеј сезонава за италијанската Олимпија Милано.
„Манекените“ во крајно интересен натпревар по продолженија славеа над Болоња со 98-96. Натпреварот беше израмнет во сите 40 минути од регуларниот дел, по кои резултатот 84-84. Во продолженијата Олимпија Милано беше за нијанса подобар противник и на крајот стигна до заслужен триумф од 98-96.
Македонскиот репрезентативец повторно беше најдобар кошаркар во својот тим, откако забележа една МВП партија завршувајќи го мечот со 16 поени, надополнети со шест асистенции и пет скока. Одличен во победничкиот табор беше и Џош Нибо кој постигна 20 поени. Кај поразените најефикасен беше Полонара кој заврши со 18 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА