„Супер Нено“ како Лука Дончиќ: Симултанка против Зенит за голема победа на Уникс

Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ ја одигра својата веројатно најдобра партија во кариерата во победата на неговиот Уникс Казањ на домашен терен против Зенит Санкт Петерсбург од 78-63. победа со која Уникс поведе со 3-2 во полуфиналната серија во ВТБ лигата.

Откако по првото полувреме се играше во егал, а на полувреме домаќините заминаа со само три поени предност (30-27), домаќините предводени од нашиот Димитријевиќ одиграа феноменална трета четвртина по која во последните десет минути влегоа со недостижна предност од 56-39. До крајот само рутински го приведоа мечот за конечни 78-63.

Неверојатниот Димитријевиќ натпреварот го заврши со 32 поени, надополнети со шест скока и исто толку асистенции. На теренот на противникот Уникс Казањ во сабота ќе ја има првата меч топка за финале.

Се вчитува...