Во Турново, АП Брера славеше со 5-3 против Македонија ЃП во најинтересниот натпревар од последната 33. рунда во Првата македонска фудбалска лига. „Лавовите“ на полувремето водеа со 1-2.
Ивковиќ уште во 3. минута постигна гол за водство на АП Брера, а потоа Величковски во 13. минута и Ларсон во 23. минута постигнаа голови за предност на „лавовите“ по првите 45 минути. Но потоа, во вториот дел „голеада“ за конечна победа од 5-3 на Брера.
Македонија ЃП за жал следната сезона ќе игра во Втората македонска фудбалска лига откако заврши на претпоследното место во тековната кампања, додека АП Брера на крајот заврши како седмопласирана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА