Супер отпремнина: Тен Хаг ќе добие по 100.000 евра за секој ден минат во Леверкузен

Ерик тен Хаг не го криеше разочарувањето откако доби шокантен отказ по само две бундеслигашки кола на чело на Баер Леверкузен. „Фармацевтите“ забележаа еден пораз и едно реми (меч во кој водеа со 3-1 и имаа играч повеќе на теренот), што беше доволно за управата да процени дека направила големо промашување при изборот на наследник на Чаби Алонсо, врачувајќи му отказ на Тен Хаг.

Последните информации од Германија говорат дека екс-стратегот на Манчестер јунајтед одлично ќе ја наплати оваа предвремена разделба, ако се знае дека Леверкузен сега ќе мора да му исплати на Холанѓанецот нешто повеќе од шест милиони евра отпремнина поради предвремениот прекин на соработката.

Ако се знае дека Тен Хаг мина само 62 дена на чело на Баер, тоа се одлични 100.000 евра дневно… за залекување на раните по овој шокантен отказ.

Се вчитува...