Супер-потег на Роналдо, Ал Наср во финишот пропушти победа (ВИДЕО)

Aл Наср ремизираше во шампионатот на Саудиска Арабија откако денеска на домашен терен во 9. коло одигра нерешено против Аба 2-2.

Домаќините поведоа со 1-0 уште во 3. минута со голот на Отавио, а акцијата почна со феноменалниот потег на Кристијано Роналдо кој со пета го проигра Брозовиќ. На 2-0 зголеми Талиска во 28. минута. И кога се мислеше дека Ал Наср ќе запише нови три бода, гостите прво преку Бгуир од пенал во 36. минута намалија на 2-1, додека конечните 2-2 беа дело на Тото Екамби во 92. минута.

Се вчитува...