Манчестер сити со фантастичен пресврт стигна до триумф над Баерн Минхен од 3-2, во пресметка на два тима кај кои недостигаа играчи што вообичаено важат за стандардни првотимци.
Баерн тргна фуриозно, па за дваесетина минути поведе со 2-0 со головите на Шабани и на Робен, но Бернардо Силва погоди на спротивната страна пред самиот крај на полувремето, најавувајќи го големиот пресврт.
Младиот Нмеча погоди за 2-2 на почетокот од второто полувреме, за конечниот пресврт да го комплетира Силва со својот втор гол на натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА