Супер-пресврт на Јакимовски и Тренто за победа над Венеција

Еден од најдобрите македонски кошаркари на денешницата Андреј Јакимовски и неговиот Тренто вечерва славеа на домашен терен против Венеција со 96-90 во меч од 11. коло во италијанската Лига А.

Иако Тренто на полувреме имаше негатива од тринаесет поени (37-50), одигра фуриозно второ полувреме и на крајот успеа да се радува на нов триумф од 96-90.

Јакимовски повторно имаше забележителна партија завршувајќи го мечот со 11 поени, осум скока и три асистенции.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...