Супер-пресврт на Милан, Јуве казнет за кукавичлукот на Мота

Милан е тимот што ќе му се спротивстави на Интер во финалето од Супер-купот на Италија што се одржува во Саудиска Арабија, откако „росонерите“ славеа во вечерашното второ полуфинале над Јувентус со 2-1. Триумфот на дебито на Серџо Консеисао е уште позначаен ако се знае дека неговиот тим по првиот дел имаше негатива од 0-1, но собра сили за целосен пресврт и голема победа.

Јувентус поведе со голот што го постигна Јилдиз, мајсторски погодок на младиот Турчин кој уште еднаш го покажа огромниот потенцијал што го псоедува. Јуве делуваше во целосна контрола, но тренерот Мота прерано се реши да се затвори, повлекувајќи ги од игра Влаховиќ и Мбангула.

„Старата дама“ се повлече, а противникот знаеше како да го казни тоа. Пулишиќ израмни на 1-1 од пенал, веднаш потоа Мората промаши голема шанса, но Милан сепак стигна до целосен пресврт откако Муса нафрли, топката го закачи Гати и го измами голманот Ди Грегорио, завршувајќи во мрежата на Јувентус.

Се вчитува...