Ракометарите на Вардар ја одбранија титулата во Купот на Македонија откако во финалето славеа над Еурофарм Пелистер со 23-22. „Црвено-црните“ во последните петнаесет минути успеаја да се вратат од негатива од пет гола разлика и со бомбата на Филип Талески во последната секунда да стигнат до нов куп трофеј.
Двата тима натпреварот го отворија со по еден гол, по што следуваше Мартин Томовски успеа да му одбрани пенал на Јосип Периќ, по што следуваше гол за Тимур Дибиров и водство од 2-1 за „црвено-црните“. И вардарци не успеаја да го реализираат својот прв пенал, откао Секељи успеа да го спречи ударот на Тимур Дибиров, па резултатот остана 2-2.
Мартин Томовски беше одличен на голот, а Вардар со голот на Георгиевски во 14. минута за првпат стигна до два гола предност (6-4). Следуваше дуел на Тото и Радовиќ по кој судиската двојка Начевски/Николов одлучи да им додели две минути на двацјата играчи. Стипе Мандалиниќ во истиот напад не искористи нов удар од седум метри за својот тим, по што бранителот на трофејот со голот на Талески во 16. минута за првпат стигна и до плус три (7-4).
Мандалиниќ повторно не беше прецизен, а во следниот напад Додиќ со својот прв тим донесе и плус четири за својот тим (8-4). Овие 8-4 беше се што направија „црвено-црните“ во првиот дел. Следуаваше „црна-серија“ од 15 минути по погодок, а битолчани со игра во транс успеаја на пауза да заминат со предност од 8-12.
Во вториот дел се играше во егал, а номиналниот гостин на натпреварот за првпат усеа да стигне до плус пет во 35. минута со голот на Граџан (10-15). Еурофарм Пелистер ја чуваше предноста од плус четири (12-16), а прва лоша вест во вториот дел беше повредата на капитенот Јосип Периќ во 39. минута. Периќ со една нога се врати во игра и во 45. минута повторно го одведе својот тим до највисоките плус пет (13-18).
Со голот на Дибиров од пенал во 49. минута, Вардар по подолго време успеа да намали на минус три (17-20). Следеше нов гол за вардарци преку Филип Талески, а во последните десет минути Еурфарм Пелистер влезе со позитива од два гола (18-20). Дибиров имаше шанса да намали на само минус еден, но одличниот Секељи го спречи неговиот удар и го остави својот тим во предност од два гола.
Следуваше нова грешка на „зелено-белите“, по што Филип Талески на влезот во 55. минута успеа да го доведе својот тим на негатива од само еден гол 20-21. Следуваа неколку грешки на битолчани, а со голот на Тимур Дибиров на три минути Вардар успеа да стигне до израмнување (22-22), по што следуваше тајм-аут на Жељко Бабиќ.
Следеше по еден неискористен напад на двете страни, а на минута до крајот Еурфарм Пелистер тргна во напад за победа и освојување на куп трофејот. Капитенот Јосип Периќ направи грешка, па меч топка на дваесет секунди до крајот доби Вардар. Талески упати бомба кон голот на Секељи и донесе титула за Вардар.
Токму Талески со шест гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај праозените Периќ и Граџан постигнаа по пет.
За Вардар ова е рекордна 15. титула во Купот на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА