Супер – промашени тениски прогнози

Новак Ѓоковиќ одново е прв светски рекет, а Енди Мареј моментно е дури на 260.место на светската АТП листа. Но, пред пет години тешко беше да се предвиди ваквата разврска, па во прогнозите погреши дури и влијателниот „Л’екип“.

Францускиот весник во 2013 година го објави своето предвидување кој ќе биде меѓу десетте најдобри тенисери во светот на крајот од 2018 година.

Пет години подоцна се покажа дека Французите „дебело“ погрешиле во проценката, речиси кај сите играчи на кои им предвидоа место во Топ 10 на крајот од 2018.

Најголема доверба „Л’екип“ имаше во Григор Димитров претпоставувајќи дека бугарскиот тенисер ќе го оствари својот полн потенцијал и ќе стане најдобар тенисер во светот. Но, Димитров после најдобрата сезона во кариерата, годинава одигра исклучително лошо и заврши на 19.место на АТП листата.

Лоша проценка во оваа француска тениска проекција беше и предвиденото второ место за Беноа Пер. Тој наместо на врвот, годината ја заврши на 52.позиција.

Третото место беше резервирано за Енди Мареј, кој моментно е дури 260.тенисер во светот, но тука беа проблем повредитете на Британецот кои не можат да се предвидат.

Зад Мареј, прдвиден беше Милош Раониќ, кој моментно е 18.тенисер во светот. За Новак Ѓоковиќ пак, беше резервирана петтата позиција, но, Србинот наспроти овие песимистички најави, се врати на врвот на светската ранг-листа.

Сепак, најголема грешка францускиот весник направил со изоставувањето на Рафаел Надал и Роџер Федерер од најдобрите десет. Двајцата тениски великани 2018 година ја завршија на второто и на третото место.

Се вчитува...