Супер-старт и контроверзи на клучната трка: Хамилтон го мина Ферстапен, Холанѓанецот бесен на судиите

Самиот почеток на последната овосезонска трка во Формула 1 која ќе го даде шампионот за 2021 година е суперинтересен, откако веќе во првиот круг можевме да проследиме жестока битка меѓу Макс Ферстапен и Луис Хамилтон.

Ферстапен ја имаше пол-позицијата, но Хамилтон одлично стартуваше и веднаш излезе на чело на колоната. Битката продолжи, па холандскиот возач успеа да го мине Британецот при седмиот свиок од првиот круг, при што Хамилтон мина право наместо низ свиокот и остана прв.

За слична ситуација на последната трка во Саудиска Арабија Ферстапен беше принуден да му ја врати позицијата на Хамилтон, но овојпат судиите одлучија дека нема потреба од такво нешто, овозможувајќи му на Хамилтон да ја продолжи трката како првопласиран.

Се вчитува...