Младата репрезентација на Македонија, за ракометари до 20 години, имаше феноменален старт на Европското првенство кое се одржува во Целје, Словенија.
Во првиот натпревар од прелиминарната рунда, македонските младинци ја „прегазија“ селекцијата на Црна Гора победувајќи со 31-21 (12-5).
Македонија целосно доминираше на натпреварот од самиот почеток, преземајќи го водството од стартот кое во континуитет се одржуваше и зголемуваше низ сите 60 минути.
Најдобар поединец во македонските редови беше Димитар Узунчев со седум гола, Субашевски и Калајџиески постигнаа по пет гола. Галевски на голот имаше шест одбрани, а пет одбрани запиша Брестовац.
Следен противник на Македонија на шампионатот е селекцијата на Хрватска, утре од 12 часот.
Според системот на натпреварие на ЕП-У20, победниците од шесте групи на Европското првенство и најдобрите две второпласирани селекции ќе продолжат во главната рунда од шампионатот, разигрувајќи за пласман од првото до осмото место. Останатите четири второпласирани од шесте групи кои нема да обезбедат пласман во главната рунда, како и четирите најдобри третопласирани од шесте групи, ќе формираат две групи кои ќе разигруваат за пласман од 9. до 16. место на првенството.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА