Младата репрезентација на Македонија на најдобар можен начин ги почна квалификациите за пласман на ЕП 2025, со извонреден триумф од 0-1 на гостувањето против големиот фаворит Шведска.
На дуелот во Јончепинг, избраниците на Драган Канатларовски извонредно мудро го одиграа натпреварот вистински тактички одработувајќи за големи три бода на стартот од квалификацискиот циклус.
Македонските надежи дојдоа до водство уште во 7. минута благодарение на погодокот на Иван Николов. Фудбалерот на дански Сондјериске одлично се снајде во 7. минута пред голот на Швеѓаните искористувајќи една нивна грешка за водство од 0-1.
Во продолжението домашните се обидуваа со поголем посед на топка да дојдат до израмнување, сето тоа со неколку изразити шанси за гол но извонреден на македонскиот гол беше Алчевски спречувајќи погодок од неколку одлични можности за Швеѓаните.
Македонија и во вториот дел имаше 100% шанса повторно преку Николов и за поубедлива победа но остана неискористена, а Тодоровски го погоди и дирекот од голот на Шведска.
На крај, во секој случај, за повеќе од заслужена голема победа.
Македонија на дуелот во Шведска настапи во следниот состав: Алчевски, Деспотовски, Фета, Рамадани, Рамани (77′ Златков), Николов, Станковски (77′ Тодоровски), Максимов (60′ Крстевски), Калкан (64′ Ангелов) и Илиевски (60′ Абази).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА