Супер Тале најдобар стрелец и МВП на Ф4 во Купот на Македонија

Вардар стигна до нова рекордна 15. титула во Купот на Македонија, откако во неверојатен натпревар во финалето славеше над големиот ривал Еурофарм Пелистер со 23-22.

„Црвено-црните“ успеаја да се вратат од негатива од пет гола во последните 15 минути, а најголем виновник беше Филип Талески кој на крајот го постигна и победничкиот погодок за својот тим.

Токму Филип Талески беше избран за најдобар ракометар на Ф4 турнирот во Кавадарци, а ја освои и титулата најдобар стрелец. Најдобар голман беше избран чуварот на мрежата на Вардар, Мартин Томовски.

Се вчитува...