Исландскиот репрезентативец Арон Палмарсон (27) ќе биде новото засилување во редовите на Барселона. Во изминатите две сезони исландскиот плејмејкер настапуваше за унгарскиот Веспрем со кој има договор до 2018, но според најавите во исландските медиуми, Палмарсон најверојатно уште летово ќе се пресели во Барселона.
Покрај Барселона, како втора опција за Исланѓанецот се споменуваше и враќање во Кил, тимот во кој настапуваше од 2009 до 2015 и во кој се афирмира како еден од најдобрите млади бекови во светот.
Поради повреда на колкот, Арон Палмарсон го пропушти настапот со репрезентацијата на Исланд на СП во Франција на кое Исланд. Најавите се дека бекот ќе се врати во националниот состав за квалификациските натпревари за ЕП 2018 во кои Исланд е следен противник на Макеоднија (4/5 и 6/7 мај)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА