Супер-трансфер: Канте потпишува за Барселона

Нголо Канте на крајот од оваа натпреварувачка сезона ќе се пресели од Челси во редовите на Барселона, откако францускиот репрезентативец начелно ја прифатил понудата што ја добил од каталонскиот гигант.

Канте поради незгодна повреда веќе подолго време е надвор од терените, тој од оваа причина не настапува за Франција на СП во Катар, но одличниот играч за врска е решен да докаже дека се уште може да игра на највисоко ниво. Договорот со Челси му истекува на крајот од оваа сезона, а понудата за продолжување на соработката е далеку под очекувањата на Канте, па тој веќе се подготвува летово да си замине од „Стемфорд бриџ“.

Канте уште во јануари ќе може да потпише преддоговор со својот нов клуб, а Барселона сака да го искористи тоа и што поскоро да го финишира овој трансфер. Канте ќе потпише на две сезони со каталонците, со можност за продолжување на уште една дополнителна година.

Тој ќе пристигне на „Камп Ноу“ како замена за Серхио Бускетс, кој на крајот од сезонава како слободен играч ќе си замине од Барселона, најверојатно во МЛС-лигата во САД.

Се вчитува...