Македонскиот суперлигаш Охрид максимално се подготвува за следната сезона и тоа како засилувајќи ја одбраната со најдобриот шпански дефанзивец во Асобал лигата за 2024/2025!
Ориол Реј Моралес е новиот член на ГРК Охрид кој потпиша двегодишен договор со клубот. Специјалистот за одбрана доаѓа по одличната сезона во Гранолерс, Шпанија, во Европската Лига и во домашниот шампионат.
Реј кој има 31 година (190 см.) освен во тимот на Гранолерс, шест сезони беше дел од моќната Барселона со која настапуваше и во Лигата на Шампионите, а две сезони во франуското првенство и настапи во ЕХФ Европската Лига со тимот на Пау Аикс.
Има настапи за сите младински категории за репрезентацијата на Шпанија и освоена бронза на европското првенство У21 во 2014/15. Има настапи и за моќната Шпанија на пријателски натпревари и турнир во Катар, секогаш на поширокиот список за репрезентативниот шпански тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

