Супер-твит на Гери Линекер: За Златан и короната…

Златан Ибрахимовиќ е последната фудбалска суперѕвезда позитивна на коронавирус, откако попладнево беше објавено дека асот на Милан бил позитивен при последното тестирање, непосредно пред дуелот од квалификациите за Лигата на Европа против Бодо Глимт.

Најоригинална реакција на оваа вест имаше Гери Линекер, кој на твитер објави:

„Ибрахимовиќ бил позитивен на коронавирус. Моите мисли се со вирусот во ова тешко време“.

Се вчитува...