Елиф Елмас конечно го победи коронавирусот и во најскоро време ќе се приклучи на тренинзите на Наполи. Оваа одлична вест попладнево ја објави калчолигашот од Неапол, обелоденувајќи дека двајцата заразени фудбалери од Covid-19, Елмас и Зјелински, конечно добиле негативни резултати на последните тестирања и ќе му се стават на располагање на тренерот Гатузо.
Македонскиот репрезентативец беше позитивен на тестирањето извршено врз него на 3 октомври, по што мина дури 21 ден во самоизолација. Неговото отсуство беше огромен проблем во пресрет на полуфиналето од Лигата на Нации против Косово, македонскиот национален тим успеа да слави на овој меч, па сега Елмас ќе биде огромен адут во големото финале против Грузија, во кое победникот ќе обезбеди пласман на ЕВРО 2020.
? | Elmas e Zielinski negativi al Covid-19! ?
? #ForzaNapoliSempre pic.twitter.com/ShquuUxuKa
— Official SSC Napoli (@sscnapoli) October 24, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

