Супер вест: Јокиќ се враќа на НБА-терените

Никола Јокиќ ги израдува сите искрени кошаркрски фанови откако успеа да се избори за камбек на терените поради од лекарските прогнози.

Иако се најавуваше дека асот на Денвер ќе може да се врати околу 10 февруари, Јокиќ покажа дека покрај кошаркарски е и медицински феномен, успевајќи да ја остави тешката повреда на коленото зад себе и по само еден месец да се врати на терените.

Денвер потврди дека двократниот МВП ќе биде во тимот за вечерашниот дуел со ЛА Клиперс, а одлична вест е што со предвремениот камбек Јокиќ ќе остане во игра и за сите индивидуални признанија за регуларниот дел од сезоната, нешто што немаше да биде возможно ако рехабилитацијата траеше уште десетина дена.

Се вчитува...