Шансите на Македонија за пласман во главните квалификации за СП 2023 значително се зголемија откако нашата земја ја доби организацијата на претквалификацискиот турнир што ќе се одржи во месец август, на кој „црвено-жолтите“ за ривали ќе ги имаат Словачка и Швајцарија.
Скопје ќе биде градот домаќин на таканаречениот „балон“, во кој новиот селектор Драган Бајиќ ќе се обиде да има победничко деби на клупата на нашиот национален тим.
Во оваа прва фаза, согласно со ждрепката, на 12. август ќе играме против селекцијата на Швајцарија. Два дена подоцна, на 14. август, ќе играме против Словачка. На 16.август ни следува средбата со Швајцарија, додека турнирот во Скопје ќе го затвориме на 18.август, со натпреварот против селекцијата на Словачка.
Согласно со пропозициите на ФИБА, првопласираните две репрезентации од овој турнир ќе бидат дел од главните квалификации за пласман на Мундобаскетот во 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА