Супер вест од Дортмунд: Операцијата на Халер е успешна!

Напаѓачот на Дортмунд, Себастиен Халер (28) е успешно опериран откако лекарите дијагностицираа дека е заболен од тумор на тестисите. Ова го потврди спортскиот директор на Борусија, Себастијан Кел.

На почетокот на минатата недела Халер го напушти тренинг кампот откако се пожали дека не е добро.

„Тој ден се се промени … Во такви моменти е многу важна психата на човекот, а Халер е фудбалер кој е стабилен психички, тој е спортист кој е научен постојано да се бори на теренот. Ова се моменти кога за него и неговото семејство нема поважна работа во животот, период кога разбираш дека здравјето е пред се’. Тој беше супер стабилен и позитивен“, изјави лекарот Кел.

Голгетерот на Борусија Дортмунд претходно се огласи на социјалните мрежи по операцијата и им се заблагодари на сите за подршката.

„Здраво на сите, сакав само да ве информирам дека првиот чекор е комплетиран. Би сакал да му се заблагодарам на медицинскиот тим на Борусија Дортмунд, кој беше исклучителен со мене. Големо благодарам и до медицинските сестри во болницата на нивната подршка“, напиша фудбалерот од Брегот на слоновата коса.

Инаку, Халер ова лето го напушти Ајакс и за сума од 35 милиони евра потпиша за Борусија како замена за Норвежанецот Ерлинг Халанд.

Се вчитува...