Супер-вест: Таиво Авонији не е веќе во кома

Одлични вести пристигнуваат утрово од Англија, откако беше обелоденето дека голгетерот на Нотингем Форест, Таиво Авонији повеќе не се наоѓа во индуктивна кома откако состојбата во изминатите 24 часа значително му се подобрила.

По извршениот хируршки зафат лекарите решија тој голем дел од вчерашниот ден да го мине во индуктивна кома за да се следат виталните фукнции и да се избегнат несакани компликации. Откако состојбата се покажа како стабилна, нигерискиот репрезентативец повеќе не е во кома и напредува е повеќе откако и вториот дел од операцијата минал успешно.

Се очекува тој да мине уште најмалку една седмица во болница, но она што е најважно – состојбата му е се подобра и Нигериецот ќе има доволно време за целосна рехабилитација во текот на летово – за во следната сезона повторно да се врати на фудбалските терени.

Се вчитува...