Супер вест за Баер Леверкузен: Флоријан Вирц е подготвен за камбек

Баер Леверкузен ќе биде значително засилен за финишот од сезонава откако Флоријан Вирц успеа да ги надмине проблемите со повредата поради која ги пропушти последните неколку средби на германскиот првак во Бундес-лигата.

„Фармацевтите“ утре ќе се сретнат со Унион Берлин, а тренерот Чаби Алонсо потврди дека Вирц ќе биде во комбинација за настап на овој натпревар.

„Вирц е подготвен за камбек и ќе биде во составот. Според она што ми го соопштија лекарите, тој ќе може да биде и стартер. Неколку пати имам кажано – Вирц прави да бидеме подобра екипа, секако дека сме пресреќни што повторно ќе го имаме крај себе. Неговото отсуство ни беше голем проблем“, изјави Чаби Алонсо.

Баер Леверкузен заостанува шест бода во однос на лидерот Баерн Минхен во трката за титулата во Бундес-лигата.

Се вчитува...