Баерн ќе биде комплетен на претстојното дерби против Баер Леверкузен в сабота откако Мануел Нојер ги надмина проблемите со повредата и доби зелено светло да се приклучи на тренинзите со остатокот од тимот.
Искусниот 38-годишен ветеран се повреди на мечот од ЛШ против Динамо Загреб при што мораше да биде заменет на полувремето, по што не настапи ниту викендов, во победата од 0-5 на гостувањето против Вердер.
Тренерот Компани не криеше дека го чува првиот голман за да биде „фит“ за дербито со Баер, а белгискиот стратег денеска доби добра вет откако ветеранот се приклучи на тренингот на остатокот од екипата.
Баерн има максимален ефект во досегашниот дел од бундеслигашката табела и се наоѓа на првото место, со три бода предност во однос на шампионот Баер Леверкузен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА