Баерн Минхен ќе биде значително засилен на гостувањето против Барселона во Лигата на Шампионите откако Џамал Мусиала доби зелено светло од лекарскиот тим да отпатува со остатокот од тимот во Каталонија.
Мусиала ги пропушти последните средби на германската репрезентација, а не беше во комбинација за настап ниту на саботниот дерби дуел со Штутгарт. Сепак, офанзивниот фудбалер денеска тренираше со полна пареа, дефинитивно ќе патува со тимот во Барселона, а тренерот Компани ќе треба да донесе одлука дали Мусиала да го стартува дуелот со Барса или да почне од клупата за резерви, па потоа да влезе во второто полувреме.
Баерн на мечот со Штутгарт остана без Павловиќ, врз суперталентираниот играч за врска веќе беше извршен и хируршки зафат и тој дефинитивно нема да може да се врати на терените до крајот на оваа календарска година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА