Супер вест за Барса: Педри и Олмо се „фит“ за градското дерби

Барселона ќе стори се за да ја продолжи победничката серија и на почетокот од новата година, а голем плус за Ханси Флик е што двајца клучни фудбалери повторно ќе му бидат на располагање на тренерот на каталонскиот гигант.

Педри ги надмина проблемите со повредата и се најде на списокот на Флик за вечерашното дерби, а заедно со него во тимот ќе биде и Дани Олмо. Двајцата шпански репрезентативци во последните денови тренираа со остатокот од тимот, а откако утрово го минаа последниот тест, добија и зелено светло од лекарите за да можат да настапат против Еспањол.

Се вчитува...