Ламинн Јамал и Фермин Лопез беа стартери за Барселона во синоќешната победа над Олимпијакос, а Ханси Флик денеска доби уште една одлична вест – Рафиња се приклучи на тренинзите на каталонскиот гигант и доколку не дојде до нови компликации – Бразилецот ќе биде во комбинација настап на претстојното „Ел Класико“ што викедов ќе се игра на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.
Рафиња се повреди на дуелот со Овиедо на 25 октомври, во изминатата седмица тренираше индивидуално, за денеска првпат да одработи цел тренинг со соиграчите. Каталонските медиуми информираат дека Бразилецот без проблеми ги издржал напорите и големи се шансите тој дури да биде и стартер против Реал Мадрид.
Добра вест за Флик е што и Феран Торес би требало да биде „фит“ за големото дерби, а на располагање ќе го има и дефанзивецот Кристенсен, кој поради болест го пропушти дуелот со Олимпијакос.
Како што стојат работите, од „големата болница“во Барселона „пациенти“ за дуелот со Реал ќе останат само голманот Жоан Гарсија, шпанскиот плејмејкер Дани Олмо и полскиот голгетер Роберт Левандовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

