Супер-вест за Барса: Суарез е „фит“ за продолжението на сезоната

Денешниот ден носи одлични вести за навивачите на Барселона, најпрвин Лионел Меси почна со тренинзи надминувајќи ги проблемите со повредата на мускулот, а попладнево зелено светло за камбек на терените доби и Луис Суарез. Уругвајскиот репрезентативец се повреди на почетокот од годинава и на 12 јануари беше опериран, по што по хируршкиот зафат врз десното колено оваа сезона е завршена за него.

Сепак, пандемијата од коронавирус и тримесечниот прекин во шпанскиот фудбал му овозможи на Суарез да се врати и да му помогне на каталонскиот гигант во битката за титулата. Суарез тренираше со полна пареа од 8 мај, а денеска доби зелено светло од лекарскиот тим, по што ќе му биде на располагање на тренерот Сетиен за продолжението на сезоната. Барелона првиот меч ќе го игра на гостински терен против Мајорка на 13 јуни, а се очекува Уругваецот да се најде на клупата за резерви и да влезе на терен во второто полувреме од овој натпревар.

Суарез одигра 17 средби во Ла Лига сезонава постигнувајќи 11 погодоци, со што е трет најдобар стрелец во шпанскиот шампионт, зад Лео Меси со 19 и Карим Бензема со 14 постигнати гола.

Се вчитува...