Навивачите на Челси имаат причина за задоволство откако нивниот миленик, Нголо Канте, денеска потпиша нов петгодишен договор со лондонскиот клуб. ПСЖ повторно почна да покажува сериозен интерес да го врати Канте во татковината, но Челси со овој потег јасно става до знаење дека францускиот ас уште долго ќе остане на „Стемфорд бриџ“.
„Среќен сум што ќе продолжам да играм за Челси, ова беа две убави години за мене и се надевам дека и во следните ќе имаме многу причини за радост. Севкупно гледано јас напредував како играч во овој клуб, добив награди за кои никогаш не верував дека би можеле да завршат во моите раце. Го сакам клубот, го сакам градот и среќен сум што уште долго ќе бидам овде“ – истакна Канте при потписот на договорот.
Францускиот интернационалец дојде во Челси пред две сезони од редовите на Лестер. Тој веднаш се наметна како лидер на средината од теренот настапувајќи на 105 натпревари за „сините“, притоа постигнувајќи четири гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА