Фановите на Манчестер јунајтед имаат причина за задоволство откако беше обелоденето дека Пол Погба влегол во последната фаза од рехабилитациската програма, па камбекот на Французинот во тимот на „ѓаволите“ може да се очекува веќе на следниот натпревар против Њукасл.
Погба во текот на оваа седмица тренирал со младинскиот тим на јунајтед, а планот е од понеделник да му се стави на располагање на Жозе Мурињо и да почне со тренинзи со првотимците на „црвените ѓаволи“. Според англиските медиуми, Мурињо планира Французинот да одигра дваесетина минути против Њукасл, за веќе на следниот меч од Лигата на шампионите да биде стартер.
Покрај Погба, близу до камбек се наоѓаат и Мајкл Карик и Маркос Рохо, кои исто така во најскоро време би требало да му се стават на располагање на Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА