Супер-вест за Ливерпул: Гакпо потпиша нов договор

Навивачите на Ливерпул имаат причина за задоволство откако Коди Гакпо денеска потпиша нов долгогодишен договор со актуелниот англиски првак.

Холанѓанецот пристигна од ПСВ Ајндховен на „Енфилд“ во јануари 2023 година, давајќи значаен придонес ланската сезона во која Ливерпул стигна до титулата. Иако имаше уште две години од актуелниот договор, Гакпо без размислување ја прифати понудата за продолжжување на соработката.

„Пресреќен сум што го продолжувам договорот со овој прекрасен клуб. Благодарен сум и се надевам дека ќе возвратам со многу нови прекрасни моменти. Се чувствувам како дома, моето семејство се чувствува одлично овде, имаме извонредна група на играчи, така што немав многу дилеми“, изјави Коди Гакпо.

Тој досега има одиграно 131 натпревар во дресот на „црвените“, притоа постигнувајќи 42 гола и 16 асистенции.

Се вчитува...