Навивачите на Милан имаат причина за задоволство откако беше обелоденето дека Златан Ибрахимовиќ ќе се врати на терените на вечерашниот натпревар против Торино. Шведскиот голгетер е надвор од терените уште од 22 ноември, кога се повреди на дербито со Наполи.
Се очекуваше неговата пауза да изнесува уште една седмица, но Ибрахимовиќ ги мина последните лекарски тесстови, по што доби зелено светло за камбек. Златан се најде на списокот на играчи за дуелот со Торино, а на тренерот Пиоли е да реши дали ќе го почне мечот на „Сан Сиро“ со него, или ќе го уфрли во игра во второто полувреме.
Камбекот на Ибрахимовиќ е одлична вест ако се знаае дека Пиоли за вечерашниот натпревар нема да може да смета на Ребиќ, Крунис, Бенасер, Селемакерс и Габија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

