Супер вест за Наполи пред дербито со Јувентус

Наполи ќе биде значително засилен за претстојното дерби со Јувентус откако беше намалена казната што му беше изречена на Виктор Осимен.

Нигерискиот голгетер заработи суспензија од два натпревари по црвениот картон во првото коло, но „наполитанците“ веднаш испратија жалба. Истата денеска беше прифатена, казната намалена од два на еден натпревар, по што Осимен ќе му биде на располагање на тренерот Спалети за дуелот со Јуве.

Наполи во првите две кола има максимални шест бода, додека „старата дама“ освои само еден бод на стартот од новата сезона.

Се вчитува...