Реал Мадрид го доби најголемото можно засилување за клучниот дел од сезоната откако беше обелоденето дека Серхио Љуљ е подготвен за враќање на кошаркарските терени. Шпанскиот ас е повреден уште од месец август, кога настрада при пријателски натпревар со шпанската репрезентација, но Љуљ со напорна работа ги надмина проблемите и му се стави на располагање на тренерот Пабло Ласо.
„Враќањето на Серхио Љуљ станува реалност. Тој ќе биде во тимот за најважните натпревари сезонава, дуелите со Панатинаикос во четвртфиналето од Евролигата“ – објавија шпанските медиуми.
Реал Мадрид и ПАО имаат израмнети 1-1 по првите две средби, но „кралевите“ имаат шанса со две победи на домашен терен в среда и в петок да го обезбедат учеството на фајналфор турнирот. Со Љуљ во тимот, шансите за такво нешто сигурно се многу поголеми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА