Еден од клучните фактори за катастрофалната сезона на Манчестер Сити дефинитивно беше тешката повреда на Родри, што шпанскиот ас ја заработи во септември на дербито со Арсенал, по што тој мина долг период надвор од терените.
Сепак, многу важно за Пеп Гвардиола е што Родри ги надмина сите проблеми, ја мина рехабилитациската програма, па вечерва би требало да го има и својот камбек на терените. Англиските медиуми најавуваат дека одличниот играч за врска ќе биде во составот на Сити за вечерашниот дуел против Борнмут, кој е исклучително важен во борбата за место во Лигата на Шампионите.
Родри тренираше со екипата во последните петнаесетина дена, а информациите од „островот“ велат дека тој вечерва ќе стартува од клупата за резерви, по што се очекува да ги одигра последните десетина минути против Борнмут.
Планот е Шпанецот да влезе во ритам навреме за да може да добие позначајна улога на клупскиот мундијал што на средината од следниот месец ќе стартува во САД.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

