Јужноамериканскиот фудбалски сојуз донесе одлука големото суперкласико меѓу Бока јуниорс и Ривер Плата да се игра вечерва од 20 часот по средноевропско време.
Се работи за првиот меч од финалето на Копа Либертадорес кој требаше да се одигра синоќа на „Ла Бомбиниера“, но беше одложен поради лошите временски услови.
Се очекуваше мечот да биде одложен за следната сабота, но откако се стабилизираа временските прилики сепак е одлучено спектаклот да биде вечерва од 20 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА