Манчестер Јунајтед ќе биде значително засилен за претстојното финале од Лигата на Европа против Тотенхем, откако тројца важни фудбалери се вратија на тренинзите на „црвените ѓаволи“.
Џошуа Циркзе требаше да биде „во аут“ до крајот на сезонава, но холандскиот напаѓач успеа да се рехабилитира и да му се стави на располагање на тренерот Рубен Аморим. Диого Дало е стандарден на бековската позиција, тој беше повреден дваесетина дена, но ја доби трката со времето и би требало да биде во стартните единаесетмина во големото финале што ќе се игра во Билбао.
Третиот фудбалер што успеа да ја победи повредата е дефанзивецот Лени Јоро, кој се повреди пред девет дена против Вест Хем, исто како и Циркзе се најавуваше дека нема да се врати до крајот на сезонава, но младиот Французин сепак ќе биде во комбинација за настап во финалето.
Josh, Leny and Diogo are back in training ahead of the #UEL final 🙌#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) May 20, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

