Eвропскиот шампион Италија се соочува со нов проблем пред баражот против Македонија на 24. март во Палермо. Неизвесен за овој натпревар е стоперот на Јувентус, Леонардо Бонучи.
Според медиумите од Апенините, Бонучи не успеал да закрепне од повредата на мускулот на потколеницата и поради тоа нема да игра в среда за Јувентус во реваншот од осминафиналето против Виљареал. Освен тоа не извесно е дали ќе може да помогне и на репрезентацијата.
Бонучи е стандарден во редовите на Јувентус заедно со Киелини кој пак се враќа за дуелот со шпанскиот тим. Од претходно е познато дека италијанскиот селектор нема да може да смета на Леонардо Спинацола кој е во аут уште од Еуро2020, како и на Федерико Киеза која нема да се враќа на терените до крајот на сезоната.
Надвор од терените Бонучи е од 26. февруари кога се повреди во натпреварот против Емполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА