Пабло Ласо, тренерот на кошаркарскиот клуб Реал Мадрид, денеска е отпуштен од одделението за интензивна нега, каде што беше сместен поради срцев удар, соопшти шпанскиот гигант.
Ласо во неделата доживеа миокарден инфаркт, што значи изумирање на еден дел од срцевиот мускул, а лекарите успеаа да го спасат од речиси „сигурна смрт“.
„Реал Мадрид може да потврди дека состојбата на Пабло Ласо се подобрува и дека тој ја напушти одделението за интензивна нега во Универзитетската болница „Санитас ла Моралеха. Нашиот тренер е префрлен на одделение каде што ќе продолжи да го следат кардиолози. Благодарност до лекарите и брзата реакција“, соопшти клубот.
Инаку, Реал Мадрид води со 2-0 во серијата против Басконија во полуфиналето на шпанската Ендеса лига, а третиот натпревар се игра во вторник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА