Супер вести за Парма: Пандев не е сериозно повреден, го чека пауза од само една седмица!

Македонскиот ас Горан Пандев и фудбалер на Парма, според медицинскиот извештај нема сериозна повреда, па најверојатно ќе го чека кратка пауза од само една седмица.

Пандев уште еднаш блесна во саботата и со своите 25 минути откако влезе на полувремето до повредата и излегувањето од игра во 71-та минута, даде гол и беше главен инспиратор за победата против Порденоне со 4-1 со што неговиот тим се врати на победите и се вклучи во трката за плејофот за враќање во Серија А.

Најдобриот макеоднски фудбалер има мал мускулен проблем, кој не е сериозен. Сепак, во следнава седмица отсуството на Пандев е хендикеп за Парма, зашто ја чекаат два меча, кои веројатно нема да може да ги игра македонскиот ас. Првиот е со Кремонезе веќе задутре, а вториот со Тернана во сабота.

Парма во моментов е 11-то пласирана со 28 бода, шест од последното место кое води во плејофот и кое го држи моментно Перуџа.

Ако овие најави се остварат за еднонеделна пауза на Пандев, тогаш тој би требало да се врати идниот вторник во дуелот со Пиза на гости.

Се вчитува...