Велшанецот Герет Бејл ќе се врати во составот на Реал Мадрид многу порано од предвиденото, открива шпанска „Марка“. Иако имаше најави дека ќе паузира можеби и до април, сепак, тој експресно се рехабилитираше по операцијата на скочниот зглоб и би можел да се врати на терените во средината на февруари.
Бејл треба да почне со тренинзи со екипата на почетокот на идната седмица, а очекувањата се дека првиот настап би го имал на 18.февруари на „Сантијаго Бернабеу“ на дуелот против Еспањол во Примера.
Тој се повреди на 22 ноември минатата година, а седум дена подоцна беше и опериран. За среќа, рехабилитацискиот процес се одвива и побрзо од очекуваното, па Бејл треба многу брзо да почне да тренира во полн ритам.
За дуелот со Наполи во Лигата на шампионите, кој е на програмата на 15.февруари, Зидан очекува да се врати и бековскиот тандем Дани Карвахал и Марсело. Тие во моментов се надвор од тренажен процес поради повреди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА