Супер-Винисиус, „кралевите“ рутински со Осасуна итаат кон титула (ВИДЕО)

Реал Мадрид ита кон титула во шпанската Ла Лигао откако во 29. минута триумфираше рутински со 2-4 на гостувањето против Осасуна. Па, сега „кралевите“ се со 10 бода предност во однос на второпласираната Џирона.

Реал поведе уште во 4. минута со голот на Винисиус Јуниор. Домашните успеаја да израмнат преку Будимир во 7. минута, но веќе во 18. минута Карвахал донесе и 1-2.

Во второто полувреме Диаз погоди во 61. минута за 1-3, а во 64. минута Винисиус Јуниор веќе зголеми на 1-4.

На крај Осасуна во 91. минута кога се беше решено преку Муњоз успеа само да го ублажи поразот.

Се вчитува...