Супер-волеј на Елмас за гол во мрежата на екс-тимот

Елиф Елмас имаше причина за радост откако македонскиот „дијамант“ блесна во сиот свој сјај и постигна прекрасен погодок за Наполи, и тоа на дуелот со својот поранешен клуб Торино.

Се играше второто полувреме кога по една мешаница топката стигна до Елиф, кој велемајсторски биеше со волеј и ја смести во долниот агол од противничкиот гол, а потоа бликаше од среќа при прославата на погодокот.

Погодокот на Елиф Елмас против Торино можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК, заедно со прославата на голот на македонскиот репрезентативец.

Се вчитува...