Раководството на Гостивар уште еднаш покажа дека е сериозно во намерите за создавање на моќен тим, откако денеска потпиша уште едно огромно засилување – токму за клучниот дел од сезоната. Станува збор за Бојан Трајковски, кој од денеска и официјално е член на тимот на Марјан Србиновски.
Трајковски ја почна сезоната во унгарскиот прволигаш Пакс, но реши да се врати назад во татковината, прифаќајќи ја понудата на гостиварци. Ангажманот на 32-годишниот крилен центар е уште еден значаен чекор кон создавањето на сериозна екипа за атак на трофеи, откакo на стартот од сезонава беше потпишан и репрезентативниот плејмејкер Александар Костоски, а пред петнаесетина дена беше договорен и Американецот Тенк Ефианаји.
Повеќе од јасно е дека Гостивар со овие засилувања се наметнува и меѓу посериозните кандидати за освојувањето на Купот на Македоднија, уште повеќе ако се знаае дека гостиварци се наоѓаат на другиот дел од „костурот“ од МЗТ Скопје и Работнички, главните фаворити со кои би можеле да се сретнат дури во големото финале.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА